Хрватскиот првак Динамо Загреб ја приреди најголемата сензација во првата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони победувајќи го Арсенал со 2-1.


За вистински транс на половина исполнатиот „Максимир“ се погрижија Алекс Чемберлејн кој си ја затреси сопствената мрежа и Жуниор Фернандез додека англичаните преку Тео Волкот само го ублажија поразот.


„Топчиите“ имаа и дефицит играч еден час откако францускиот репрезентативец Оливие Жиру заработи два жолти, автоматски црвен картон по само 30 минути игра.


Единствено од англиските екипи во првата рунда од ЛШ победа забележа Челси кој пред своите гледачи го совлада Макаби со 4-0.


Ден претходно Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити загубија од ПСВ Ајндховен (2-1) односно Јувентус (2-1).

Резултати :

Група Е : Леверкузен – БАТЕ Борисов 4-1, Рома – Барселона 1-1.


Група Ф : Динамо Загреб – Арсенал 2-1, Олимпијакос – Баерн Минхен 0-3.


Група Г : Челси – Макаби 3-0, Динамо Киев – Порто 2-2.

Група Х : Гент – Лион 1-1, Валенсија – Зенит 2-3.

Мх.П.