Англискиот премиерлигаш Арсенал остана во игра за пласман во нокаут фазата откако на Емирати со 3-0 го совлада хрватскиот преставник Динамо Загреб во петтата рунда од Лигата на Шампиони.
Во прилог на „топчиите“ отиде и високиот триумф на Баерн Минхен над Олимпијакос (4-0) на Алијанц арената со кој „баварците“ го осигураа првото место во групата.
Германскиот репрезентативец Месут Озил го отвори резултатот, а потоа на сцена стапи Алексис Санчез кој со два погодоци ја запечати втората победа во групите.
Во последната рунда Арсенал и Олимпијакос во меѓусебен дуел во Атина ќе одлучуваат кој од групата ќе му се придружи на „баварците“ во осминафиналето.
Убедлив триумф во петтата рунда забележа и Барселона која со „тениски“ 6-1 го преслуша италијанскиот калчолигаш Рома на Ноу Камп.
Резултати :
Група Е: БАТЕ Борисов-Баер Леверкузен 1-1, Барселона-Рома 6-1
Табела: Барселона 13, Рома 5, Баер 5, БАТЕ 4
Група Ф: Арсенал-Динамо Загреб 3-0, Баерн-Олимпијакос 4-0
Табела: Баерн 12, Олимпијакос 9, Арсенал 6, Динамо 3.
Група Г: Порто-Динамо Киев 0-2, Макаби-Челзи 0-4
Табела: Порто 10, Челзи 10, Динамо 8, Макаби 0
Група Х: Зенит-Валенсија 2-0, Лион-Гент 1-1
Табела: Зенит 15, Валенсија 6, Гент 5, Лион 2.
Мх.П.











