Англискиот премиерлигаш Арсенал со триумфот (2-0) над германскиот првак Баерн Минхен се врати во игра за позициите во групата кои водат во нокаут фазата од Лигата на Шампиони.


„Топчиите“ до неопходната победа за продолжување на шансите за пласман во понамоташната фаза стигнаа со голема помош од голманот Мануел Нојер.

Чуварот на мрежата имаше неколку фантастични интервенции, но се тоа падна во вода кога во 78-та минута погреши и му поклони гол на домаќините.

Во 90-та минута печат на големата победа стави Месут Озил кој постигнал гол по одличниот изведен контра напад.


Сепак, шоуто на вечерта им припадна на екипите на Баер Леверкузен и Рома кои ги поделија бодовите во натпревар со осум голови.


Резултати :

Група Е: БАТЕ Борисов-Барселона 0-2, Баер Леверкузен-Рома 4-4

Табела : Барселона 7, Леверкузен 4, БАТЕ 3, Рома 2.

Група Ф: Арсенал-Баерн Минхен 2-0, Динамо Загреб-Олимпијакос 0-1

Табела : Баерн Минхен 6, Олимпијакос 6, Арсенал 3, Динамо Загреб 3

Група Г: Динамо Киев-Челзи 0-0, Порто-Макаби 2-0

Табела : Порто 7, Динамо 5, Челси 4, Макаби 0.

Група Х: Валенсија-Гент 2-1, Зенит-Лион 3-1

Табела : Зенит 9, Валенсија 6, Гент 1, Лион 1.

Мх.П.