Aнглискиот премиерлигаш Арсенал патува во Монако во (не)возможна мисија во реванш натпреварот од Лигата на Шампиони.


Французите во првиот натпревар ги шокираа „топчиите“ победувајќи ги 3-1 на Емирати, а англичаните ќе треба да го направат невозможното бидејќи Монако нема примено три голови цела сезона.

Сепак, одличната форма на Арсенал во Премиер лигата ветува повеќе од интересен натпревар во Монако.

И Европскиот вицепрвак Атлетико Мадрид не смее да погреши пред своите гледачи откако на првиот натпревар со Баер Леверкузен претрпеа минимален пораз 1-0.

Ohridnews