Натпреварот од Ц групата меѓу казакстанскиот првак Астана и шпанскиот Атлетико Мадрид во четвртата рунда од Лигата на Шампиони ќе се одигра на стадионот „Астана Арената“ на кој теренето е со вештачка трева.


Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне смета дека теренот со вештачка нема да биде проблем за фудбалерите кои прв пат ќе играат на таква подлога.

– Теренот со вештачка трева кој е нов предизвик за фудбалерите треба да биде мотив повеќе. Без разлика на условите ние треба да одиграме како што знаме и резултатот нема да изостане. – рече аргентинскиот стратег.

Во првиот меч одигран во Мадрид, „јорганџиите“ славеа со убедливи 4-0 што пак ќе биде мотив за домаќините во мечот кој ќе започне во 16 часот.

Ohridnews