Без голови и без победник заврши премиерниот натпревар од четвртата рунда во Лигата на Шампиони меѓу Астана и Атлетико Мадрид.


„Јорганџиите“ на гостувањето во Казакстан го освоија седмиот бод додека домаќините стигнаа до вториот на табелата.

Шпанците имаа шанса и за трите бодови, но Фернандо Торес не ја искористи и мрежите останаа нечепнати на „Астана Арената“.


Четвртата рунда во Ц групата ќе се комплетира со натпреварот меѓу Бенфика и Галатасарај.

Ohridnews