Натпреварите кои во среда ќе се одиграат во групите А, Б, Ц и Д ќе го комплетираат претпоследното, петто коло во Лигата на шампиони.

Големи шанси пред крајот да обебзедат пласман во осминафиналето имаат Атлетико Мадрид, Арсенал, Баер Леверкузен.

Дербито ќе се одигра во Д групата каде Арсенал ќе ја пречека Борусија Дортмунд, која има максимален учинок и веќе обезбеди пласман во осминафиналето. За влез меѓу најдобрите 16 екипи во Европа на Арсенал ќе му биде доволен и еден бод.

Двојки :

Група А : Атлетико Мадрид-Олимпијакос, Малме-Јувентус

Табела: Атлетико 9, Олимпијакос 6, Јувентус 6, Малме 3

 

Група Б : Базел-Реал Мадрид, Лудогорец-Ливерпул

Табела: Реал 12, Баезел 6, Ливерпул 3, Лудогорец 3

 

Група Ц : Зенит-Бенфика, Баер Леверкузен-Монако

Табела: Баер 9, Монако 5, Зенит 4, Бенфика 4

 

Група Д : Арсенал-Борусија Дортмунд, Андерлехт-Галатасарај

Табела: Борусија 12, Арсенал 7, Андерлехт 2, Галатасарај 1

Со исклучок на натпреварот Зенит-Бенфика кој ќе започне во 18 часот, сите останати дуели ќе стартуваат во 20:45 часот.

„Макфакс“