Лигата на Шампиони ќе го добие првиот протагонист во финалето на Сан Сиро по реваншот на Алијанц Арената меѓу Баерн Минхен и Атлетико Мадрид.
Шпанците првиот меч од полуфиналето кој го одиграа на домашен терен го искористија победувајќи ги „баварците“ со минимални 1-0.
Баерн Минхен и покрај поразот се уште важи за фаворит, но „јорганџиите“ во 1/4 финалето ја елиминираа Барселона што доволно говори за нивниот победнички менталитет.
Се очекува Пеп Гвардиола да не тактизира со составот како на првиот меч и на теренот да истрча со најсилните единаесет.
Мечот започнува во 20:45 часот, а ќе го суди турскиот арбитар Сунејт Чакир.
OhridNews