Од реванш мечевите меѓу Алтетико Мадрид – ПСВ Ајндоховен (0-0) и Манчестер Сити – Динамо Киев (3-1), Лигата на Шампиони ќе ги добие нови два четвртфиналисти.


Манчестер Сити речиси и да има обезбедно пласман меѓу осумте најдобри откако на првиот меч во Киев славеше со 3-1, а голема битка ќе се води во Мадрид по ремито без голови во Холандија.

„Јорганџиите“ пред своите гледачи немаат право на грешка бидејќи скапо ќе ги чини. На шпанците им одговора било каква победа, но не и реми со голови.


Пулените на Диего Симеоне неколку сезони по ред ја минуваат оваа фаза во ЛШ, а пред две години стигнаа и до финалето каде изгубија од Реал Мадрид.

Во четвртфиналето пласман веќе обезбедија „кралевите“, Волфзбург, Пари Сент Жермен и португалската Бенфика.

OhridNews