Вториот протагонист во финалето во Лигата на Шампиони ќе го даде вториот полуфинален натпревар помеѓу градските ривали Атлетико и Реал Мадрид. „Кралевите“ на „Винсенте Калдерон“ патуваат со голема предност од 3-0 после победата на „Сантијаго Бернабеу“.
Од таборот на Атлетико се надеваат и веруваат во чудо, додека „кралевите“ смирено и без еуфорија го пречекуваат реванш натпреварот.
– Мора да веруваме во чудо, во спротивно нема да бидиме она што сме ние. Не смееме да се предадеме и покрај негативата од првиот натпревар, бидејќи никогаш не сме го направиле тоа. Нема да нападнеме безоглаво и да ги загубиме главите, туку полека и стрпливо како што Реал го направи тоа во првиот натпревар. – рече капитенот на „јорганџиите“, Габи.
Првиот патник во финалето е тимот на Јувентус кој во полуфиналниот двомеч го елиминираше Монако со вкупен резултат (4-1). Натпреварот во Мадрид се игра во 20 часот и 45 минути, а ќе суди турскиот судија Сунејт Чакир.
OhridNews