Без победник (2-2) по многу возбудувања заврши дерби пресметката меѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид во втората рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони.
Двете екипи одиграа атомски фудбал на Вестфален стадионот и ремито на крајот беше и најреален исход. „Кралевите“ во два наврати имаа водство (1-0 и 2-1), но домаќините наоѓаа начин да се вратат од резултаската негатива и да останат непоразени пред своите гледачи.
За шампионот на Европа, прво погоди Кристијано Роналдо, па Рафа Варан додека за домаќините стрелаа Пјер Обамејанг и Андреа Ширле.
Резултати:
Група Е: Цска Москва – Тотенхем 0-1, Монако – Баер Леверкузен 0-1.
Табела: Баер Леверкузен 4, Монако 3, Тотенхем 3, Цска Москва 1.
Група Ф: Борусија Дортмунд – Реал Мадрид 2-2, Спортинг Лисабон – Легија Варшава 2-0
Табела: Борусија Дортмунд 4, Реал Мадрид 4, Спортинг 3, Легија 0.
Група Г: Копенхаген – Клуб Бриж 4-0, Лестер – Порто 1-0
Табела: Лестер 6, Копенхаген 4, Порто 1, Клуб Бриж 0.
Група Х: Динамо Загреб – Јувентус 0-4, Севиља – Лион 1-0
Табела: Јувентус 4, Севиља 4, Лион 3, Динамо Загреб 0.
OhridNews