Унгарецот Виктор Касаи ќе ја дели фудбалската правда на првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони помеѓу Баерн Минхен и Барселона.


Касаи го судеше финалниот меч во Лигата на шампиони во 2011 година, кога Барселона го совлада Манчестер Јунајтед со 3:1, а истата година Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика го прогласи за најдобар светски судија.

Оваа сезона, унгарскиот арбитар ја делеше правдата на пет натпревари ви Лигата на шампиони, меѓу кои и реваншот во осминафиналето кога Барселона го совлада Милан со 4:0. Во елитното натпреварување Касаи покажал 27 жолти и ниту еден црвен картон.

Касаи во кариерата судел на две големи натпреварувања – Светското првенство во Јужна Африка и Европското првенство во Полска и Украина. Виктор Касаи во елитната унгарска лига дебитирал со 23 години.

На Касаи, во вторник, ќе му помагаат сонародниците Габор Ерос, Жоржи Ринг, Роберт Киспал, Тамаш Богнар и Михаил Фабиан.

“Макфакс“