Гостувањето на германскиот првак Баерн Минхен во Белград и средбата со Црвена Ѕвезда, дерби пресметките во Мадрид помеѓу Реал Мадрид – Пари Сент Жермен и во Торино помеѓу Јувентус – Атлетико Мадрид ќе бидат во фокусот на јавноста во претпоследната рунда од фазата по групи во Лигата на Шампиони.

Црвена Ѕвезда на крилата од домашната публика ќе брка победа против германскиот гигант со која во голема мера ќе обезбеди пласман во Лигата на Европа и ќе остане во игра за втората позиција на табелата во ЛШ. „Баварците“, на две рунди до крајот имаат обезбедено пласман во нокаут фазата, но првата позиција не е осигурана и тоа ќе биде императивот во Белград.

Дерби пресметките во Мадрид и Торино исто така ќе бидат интересни натпревари за гледање. „Кралевите“, ќе бркаат реванш против ПСЖ за поразот од 3-0 во Париз додека Јувентус на домашен терен против Атлетико Мадрид ќе ја заверува првата позиција.

Двојки:

Група А: Галатасарај – Клуб Бриж (18:55ч), Реал Мадрид – ПСЖ (21ч)

Табела: ПСЖ 12, Реал Мадрид 7, Клуб Бриж 2, Галатасарај 1

 

Група Б: Црвена Ѕвезда – Баерн Минхен (21ч), Тотенхем – Олимпијакос (21ч)

Табела: Баерн Минхен 12, Тотенхем 7, Црвена Ѕвезда 3, Олимпијакос 1

 

Група Ц: Аталанта – Динамо Загреб (21ч), Манчестер Сити – Шахјтор Доњецк (21ч)

Табела: Мен Сити 10, Шахјтор Доњецк 5, Динамо Загреб 5, Аталанта 1

 

Група Д: Локомотив Москва – Баер Леверкузен (18:55ч), Јувентус – Атлетико Мадрид (21ч)

Табела: Јувентус 10, Атлетико Мадрид 7, Баер Леверкузен 3, Локомотив Москва 3

OhridNews