Четирикратниот освојувач на Лигата на Шампиони, Баерн Минхен и Барселона имаат “капитална“ предност по првите натпревари во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони.


Избраниците на германскиот стратег Хуп Хејнкенс одиграа како по ноти, не оставајќи му простор на Јувентус да ги покаже своите квалитети на “Алијанц Аренета“. “Баварците“ преку австрискиот репрезентативец, Алаба уште во првата минута го отворија резултатот. После еден час игра “црвено белите“ го зголемија водството на 2-0 со погодок на Милер по додавањето на Манџукиќ.

Со погодокот Матулди во судиското продолжение ПСЖ ремизираше против Барселона 2-2 и си ја продолжи надежта за чудо против “тик так“ машинеријата.

Избраниците на Тито Виланова на два пати имаа предност, но не успеаја да ја сочуваат и да завршат повеќе од пола работа во Парис. Меси во 38-та минута погоди за предност на “блауграната“. Во последните десет минути од мечот паднаа три погодоци, прво Ибрахимовиќ изедначи на 1-1, Чави во 88-та минута од пенал го врати водството за Барса, а Матулди со помош од потесната одбрана на гостите го изедначи резултатот.

Реванш натпреварите во Барселона односно Торино се играат за една седмица, а четвртфиналето ќе се комплетира со мечевите Реал Мадрид – Галатасарај и Малага – Борусија Дортмунд.

Мх.П.