Италијанскиот првак Јувентус и шпанскиот гигант Барселона се последните два четвртфиналисти во Лигата на Шампионите.


Каталонците на Ноу Камп не само што ја задржаа предноста (2-1) од првиот натпревар на Етихад туку победија 1-0 и со вкупни 3-1 се пласираа во четвртфиналето.


Со елиминацијата на Манчестер Сити фудбалерите на Барселона ги „исчистија“ премиерлигашите кои немаат преставник во ЛШ, кој ќе ја преставува колевката на фудбалот.

Иако се очекуваше пекол на Сигнал Идуна Парк и атак на Борусија Дортмунд на водството од првиот меч на Јувентус, сепак гостите покажаа зрелост и смиреност.

„Бјанконерите“ во третата минута стрелаа за 1-0, а во вториот дел ги дотолчија германците погодувајќи ја мрежата уште два пати.


Во четвртфиналето покрај Јувентус и Барселона пласман обезбедија Монако, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Пари Сент Жермен.

Мх.П.