Жерард Пике, стоперот на Барселона, по половина час игра, поради повреда
го заврши настапот на мечот од Лигата на шампиони меѓу Барселона и
Спартак Москва. Пике, како што информираат од клубот, се здобил со повреда на левото стапало и му следува пауза од две до три седмици.

Повредата може да го оддалечи Пике од првото сезонско дерби со Реал
Мадрид кое ќе се одигра на 7-ми октомври, на „Камп Ноу“ во Барселона.
Повредата на Пике само му ги зголеми главоболките на тренерот Тито
Виланова, кој најмалку еден месец ќе биде и без капитенот Карлес Пујол,
кој во саботата на мечот со Хетафе доби повреда на вркстените лигаменти.

На натпреварот против Спартак, кој Барселона со пресврт го доби со 3:2,
местото на Пике, во централната дефанзивна линија играше Алекс Сонг.

“Макфакс“