Шпанскиот вицепрвак Барселона го преслуша италијанскиот шампион Јувентус во дербито од првата рунда во групната фаза во Лигата на Шампиони победувајќи го со 3-0 на Ноу Камп.
Каталонците на крилата од Лионел Меси кој постигна два од трите голови стигнаа до првиот триумф и им се реваншираа за поразот и елиминицијата минатата година на „бјанконерите“. Во листата на стрелци уште се запиша и Иван Ракитиќ.
Во останатите мечеви од А-Д сегментот Челси со убедливи 6-0 го совлада Карабах, ПСЖ со 5-0 славеше во Глазгов против Селтик, а сигурни победи на домашен терен забележаа Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен триумфирајќи против Базел односно Андерлехт со идентичен резултат 3-0.
Резултати:
Група А: Бенфика – ЦСКА Москва 1-2, Мен Ју – Базел 3-0
Табела: Мен Ју 3, ЦСКА Москва 3, Бенфика 0, Базел 0.
Група Б: Баерн Минхен – Андерлехт 3-0, Селтик – ПСЖ 0-5
Табела: ПСЖ 3, Баерн Минхен 3, Андерлехт 0, Селтик 0.
Група Ц: Челси – Карабах 6-0, Рома – Атлетико Мадрид 0-0
Табела: Челси 3, Рома 1, Атлетико Мадрид 1, Карабах 0.
Група Д: Барселона – Јувентус 3-0, Олимпијакос – Спортинг Лисабон 2-3
Табела: Барселона 3, Спортинг Лисабон 3, Олимпијакос 0, Јувентус 0.
OhridNews