Екипите на Манчестер Јунајтед и Ајакс ги одбележаа 1/8 финалните двомечи елиминирајќи ги ПСЖ односно Реал Мадрид, а пред реваншите од 1/4 финалните натпревари се наоѓаат во иста ситуација како и пред возвратните мечеви од ТОП 16 фазата.

 

„Црвените ѓаволи“ на домашен терен претрпеа пораз 1-0 од Барселона, но не се предаваат и најавуваат борба. Сезонава, Манчестер Јунајтед игра далеку подобро на гостински терен. Најдобро на своја кожа го почуствува ПСЖ кој пред своите гледачи изгуби 3-1 и ги заврши мечевите во ЛШ.

Холандски Ајакс уште на првиот меч му покажа заби на Јувентус. „Старата дама“ не изгледаше убедливо, но успеа да извлече позитивно реми со погодокот во гости (1-1).  Јувентус не смее да ги повтори грешките од Реал Мадрид, кој исто така добро помина во Амстердам, но доживеа фијаско во Мадрид.

Мечевите се играат во 21 часот.

OhridNews