Екипата на Барселона по петти пат во својата историја ја освои титулата во најеминтното клупско натпреварување Лигата на Шампиони.


Во големото финале одиграно на Олимпискиот стадион во Берлин каталонците со 3-1 го совладаа италијанскиот првак Јувентус.

Мечот резултатски се отвори уште на старот кога Иван Ракитиќ погоди за 1-0 во 4-та минута. Во 55-та минута Алваро Мората донесе егал на семафорот, а 13 минути подоцна Луис Суарез донесе ново водство за Барселона. Печат на победата вредна титула стави Нејмар во судиското продолжение.


Со освојување на трофејот од ЛШ фудбалерите на Барселона ги комплетираа титулите од националниот шампионат и куп втор пат по историјата. Прв пат ваков подвиг каталонците направија во 2009 година кога го совладаа Манчестер Јунајтед во Рим со 2-0.

Мх.П.