Европскиот првак Барселона во Франција против составот на Монпеље ја забележа осмата победа во групната фаза од Лигата на Шампиони совладувајќи го домаќинот со убедливи 31-23 (16-12).


Каталонците предводени од македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров уште во првиот дел го скршија отпорот на домаќините.

Во вториот дел гостите од Барселона го зголемија водството, а мечот Лазаров го заврши со девет голови од дванаесет обиди.

Со овој триумф Лазаров и соиграчите им се одлепија два бодови на ривалите Киелце и Рајн Некар Ловен кој успеа да го совлада Вардар во 11-та рунда.

OhridNews