Италијанскиот првак Јувентус се наоѓа на половина пат од полуфиналето во Лигата на Шампиони, откако во првиот четвртфинален натпревар ја совлада Барселона со високи 3-0.
„Бјанконерите“ одиграа маестрален натпревар од почетокот до крајот на мечот и одржаа вистинска лекција на Барселона која попусто имаше посед на топката и иницијатива на теренот.
Домаќините на погон од Пабло Дибала два пати ја „стресија“ Барселона. Аргентинецот прво стрелаше во 7-та потоа во 22-та минута за капитално водство.
Фаталниот удар на каталонците му го зададе дефанзивецот Џорџо Киелини кој во 55-та зголеми на 3-0 и го постави конечниот резултат.
Останатиот натпревар кој требаше да се одигра во исто време со дуелот во Торино, Борусија Дортмунд – Монако е одложен за в среда поради терористички напад на автобусот од „милионерите“.
OhridNews