Екипата на Барселона претрпе тесен пораз 26-24 (16-15) од составот на Кил во Герменија во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч во Лигата на Шампиони.
„Зебрите“ пред своите гледачи одиграа добар и квалитетен натпревар и констатно го контролираа резултатот и текот на играта што им донесе победа од два погодоци предност.
Десниот бек Кирил Лазаров во редовите на Барселона постигна два голови, додека чуварот на мрежата Борко Ристовски запиша три одбрани сите во првиот дел.
Покрај составот на Вардар победа на гостински терен забележа и францускиот колектив Пари Сент Жермен кој славеше со 30-27 кај тимот на Пик Сегед.
Резултати: Фленсбург – Вардар 24-26, Веспрем – Монпеље 26-23, Пик Сегед – ПСЖ 27-30, Кил – Барселона 28-26.
OhridNews