Четирикратниот Европски првак, Барселона е првиот патник во Берлин каде на 6 јуни ќе се одигра големото финале од Лигата на Шампиони.
Пласманот во финалето каталонците го обезбедија елиминирајќи го германскиот гигант Баерн Минхен во полуфиналето со вкупни (5-3).
„Блауграната“ иако загуби на Алијанц Арената со 3-2, сепак ја задржа предноста од (3-0) од првиот натпревар одигран на Ноу Камп.
Барселона во финалето ќе атакува на петтата европска круна, а противник ќе и биде подобриот од дуелот меѓу Реал Мадрид и Јувентус (1-2), кој се игра утре.
Мх.П.