Ракометарите на Барселона го задржаа перфектниот скор во групата по четири мечеви, совладувајќи го Кадетен Шефхаузен со 38-25 (21-12) пред своите гледачи.


Швајцарскиот преставник во Лигата на Шампиони десеттина минути беше рамноправен противник со дрим тимот на каталонците кога на семафарот стоеше (6-5).

Домаќините, во продолжението уфрлија брзина погоре и со серија од 6-0 се одлепија на (12-5), а до полувремето предноста ја зголемија на девет голови (21-12).

Во вториот дел тренерот на Барселона го изротира составот, а тие возвратија со ефикасна игра за убедлива победа 38-25.

Кирил Лазаров со седум голови го предводеше нападот на Барселона. Пет реализираше Полјакот, Камил Сипржак, а по четири постигнаа крилата Томас и Ривиера.

Во следната петта рунда во А групата ќе се одигра големот дерби меѓу Баселона и Веспрем.

OhridNews