Германскиот првак Баерн Минхен е третиот патник во четвртфиналето во овогодинешното издание од Лигата на Шампиони.


Во осминафиналниот дуел на „Алијанц арената“, „баварците“ го совладаа Шахјтор со 7-0 и со исто таков резултат обезбедија пласман во најдобрите осум.

Два погодоци постигна Томас Милер, а по еднаш мрежата на украинците ја погодија Жером Боатенг, Холгер Бадштубер, Френк Рибери, Роберт Левандовски и Марио Геце.


При првиот погодок на Милер во 3-та минута гостите останаа со фудбалер помалку, по што се очекуваше канонада на голот од Шахјтор.

Мх.П.