Германскиот првак Баерн Минхен пред своите гледачи на „Емирати“ ќе има шанса да му се реваншира на Арсенал за поразот (2-0) пред две седмици во третата рунда од Лигата на Шампиони.
Со победата „топчиите“ останаа во живот за игра од двете позиции кои водат во нокаут фазата, но за целосно враќање им е потребна нова победа и то на „Алијанц Арената“.
Сепак, „баварците“ овој меч ќе го пречекаат мотивирано и претпазливо бидејќи со пораз од Арсенал ќе си закомпликуваат работите во групата.
Двојки :
Група Е : Барселона – БАТЕ Борисов, Рома – Леверкузен
Табела : Барселона 7, Леверкузен 4, БАТЕ 3, Рома 2.
Група Ф : Баерн Минхен – Арсенал, Олимпијакос – Динамо Загреб
Табела : Баерн Минхен 6, Олимпијакос 6, Арсенал 3, Динамо Загреб 3.
Група Г : Челси – Динамо Киев, Макаби Тел Авив – Порто
Табела : Порто 7, Динамо 5, Челси 4, Макаби 0
Група Х : Гент – Валенсија, Лион – Зенит
Табела : Зенит 9, Валенсија 6, Гент 1, Лион 1.
Ohridnews











