Баерн Минхен со убедлива победа (5-1) на Алијанц Арената безмилосно со камата му возврати на Арсенал за поразот на Емирати во Лигата на Шампиони.


„Баварците“ фуриозно го започнаа мечот и во првиот дел преку Левандовски, Милер и Алаба три пати ја погодија мрежата.


Со гол серијата домаќините продолжија и во вториот дел кога Робен зголеми на 4-0. Жиру го ублажи поразот постигнувајќи почесен погодок, а Милер со уште еден гол ја комплетираше петардата.


Триумфот на Олимпијакос со гол во финишот над Динамо Загреб (2-1) дополнително ја закомпликува ситуацијата на „топчиите“.

Резултати :

Група Е : Барселона – БАТЕ Борисов 3-0, Рома – Леверкузен 3-2


 
Табела : Барселона 10, Рома 5, Леверкузен 4, БАТЕ 3.

Група Ф : Баерн Минхен – Арсенал 5-1, Олимпијакос – Динамо Загреб 2-1

Табела : Баерн Минхен 9, Олимпијакос 9, Арсенал 3, Динамо Загреб 3.

Група Г : Челси – Динамо Киев 2-1, Макаби Тел Авив – Порто 1-3

Табела : Порто 10, Челси 7, Динамо 5, Макаби 0

Група Х : Гент – Валенсија 1-0, Лион – Зенит 0-2

Табела : Зенит 12, Валенсија 6, Гент 4, Лион 1.

Мх.П.