Петкратниот европски првак Ливерпул во групната фаза ги заврши мечевите од овогодинешното издание на Лигата на Шампиони.


На „црвените“ неопхдна им беше победа, но швајцарскиот шампион успеа да остане непоразен (1-1) и да обезбеди пласман во елиминациската фаза.

Гостите беа и поблиску до победата откако во 25-та минута Фреј донесе предност 1-0.


Домаќините дури во 81-та минута изедначија откако капитенот Џерард погоди за 1-1.


Ливерпул од 60-та минута играше со фудбалер помалку откако српскиот репрезентативец Марковиќ заработи директен црвен картон.

Европските натпревари Ливерпул ќе ги продолжи во Лигата на Европа ранг подолу од престижната Лига на Шампиони.

Резултати :

Група А : Јувентус – Атлетико Мадрид 0-0, Олимпијакос – Малме 4-2.

Табела : Атлетико 13, Јувентус 10, Олимпијакос 9, Малме 1.

Група Б : Ливерпул – Базел 1-1, Реал Мадрид – Лудогорец 4-0.

Табела : Реал Мадрид 18, Базел 7, Ливерпул 5, Лудогорец 4.

Група Ц : Монако – Зенит 2-0, Бенфика – Леверкузен 0-0

Табела : Монако 10, Леверкузен 9, Зенит 7, Бенфика 5.

Група Д : Галатасарај – Арсенал 1-4, Дортмунд – Андерлехт 1-1.

Табела : Дортмунд 13, Арсенал 13, Андерлехт 6, Галатасарај 1.

Мх.П.