Во третиот и четвртиот осминафален натпревар во Лигата на шампиони ќе се сретнат Базел – Порто и Шалке – Реал Мадрид.
Гостите на овие мечеви се фаворити, но не секогаш фаворитите победуваат на вакви „да се биде или не“ натпревари.
Реал Мадрид влезе во мала резултатска криза, а посебно загрижува формата на Кристијано Роналдо, кој не е на она ниво од минатата година.
Шалке ланската година во истата оваа фаза беше катастрофално поразен со 9-2 и тие најдобро знаат како е да се игра против Реал Мадрид.
Швајцарците кои успеаја да го елиминираат Ливерпул во групите пред себе имаат тешка задача со констатно добриот во ЛШ, Порто.
Португалскиот првак е редовен учесник во ТОП 16 фазата, со ретки излети до 1/4 финалето.
Ohridnews