Португалската Бенфика им се придружи на Реал Мадрид и Волфзбург во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони откако во осминафиналниот двомеч го елиминираше составот на Зенит со вкупен резултат (3-1).


Бенфика со нов триумф 2-1 го потврди пласманот меѓу осумте најдобри кој го најави со минималната победа (1-0) пред своите гледачи две недели претходно.

Сепак, мечот на Петровскиј стадионот имаше сосема друг тек од она што го кажува резултатот. Бразилецот Хулк во 69-та минута погоди за домаќините и ја анулираше предноста на гостите.


„Орлите“ со голот на Нико Гаитан во 84-та минута ги изедначи бројките на семафорот, а за целосен пресврт се погрижи Андерсон Талиска длабоко во судиското продолжение.

Бенфика е третиот четвртфиналист, а четвртиот најквалитетното натпреварување ќе го добие по реванш мечот на Стемфорд Бриџ меѓу Челси и Пари Сент Жермен. 

OhridNews