Без победник (1-1) заврши пресметката помеѓу Челси и Барселона на Стемфорд Бриџ, додека Баерн Минхен максимално го искористи домашниот терен победувајќи го Бешикташ (5-0) во првите осминафинални натпревари во Лигата на Шампиони.

Каталонците благодарение на Лионел Меси и потесната одбрана на „сините“ стигнаа до позитивно реми во Лондон. Голот постигнат во гости многу значи во вакви дерби средби во нокаут фазата во ЛШ. Водство за домашниот состав донесе Вилијан во 62-та минута, откако Бразилецот два пати ја погодуваше стативата во првиот дел. Бројките на семафорот ги изедначи Меси кој со прецизен удар ја смести топката зад грбот на Тибо Куртоа после одличното додавање од Андрес Иниеста.

„Баварците“ пред своите гледачи на Алијанц арената на дело го покажаа сиот свој квалитет и потенција совладувајќи го турскиот состав со 5-0. Бешикташ со пех во Минхен се соочи после 16-ет минути игра кога Домагој Вида доби директен црвен картон. Домашните фудбалери до крајот на првиот дел постигнаа еден погодок преку Томас Милер. Во второто полувреме гостинскиот тим погоди уште четири пати за убедлива предност и речиси сигурен пласман во ТОП 8. Стрелци на погодоци во вториот дел беа Милер, Коман и Левандовски кој два погоди. 

Првите осминафинални мечеви ќе се комплетираат со дуелите помеѓу Севиља – Манчестер Јунајтед односно Шахјтор Доњецк – Рома. 

OhridNews