Шкотскиот фудбалски великан Селтик доживеа еден од најсензационалните порази во својата богата историја. Селтик како гостин, во второто квалификациско коло загуби од преставикот на Гибралтар Линколн Ред Импс. Фудбалерите на полуаматерскиот клуб од Гибралтар победија со 1-0, а едниствениот гол го постигна локалниот полицаец Рајан Каскјаро во 48.минута.


На овој меч на клупата на Селтик дебитираше поранешниот менаџер на Ливерпул Брендан Роџер. „Им честитам, ова е голема победа за нив, а ние мораме да ја прифатиме. Доколку не успееме да го минеме овој противник во двомечот ќе бидам загрижен. Мораме да ги исправиме грешките во реваншот“, рекол Роџерс.


На другите натпревари Зрињски и Легија Варшава одиграа 1-1, Динамо Тбилиси славеше 2-0 против Алашкерт (Ерменија), а со ист резултат Карабаг го порази Дуделанж, Хапоел Бен Шива го совлада молдавски Шериф со 3-2, БАТЕ Борисов со 2-0 славеше над СЈК (Финска), Црвена ѕвезда со пресврт во второто полувреме ја победи Валета со 2-1, Салцбург минимално со 1-0 го победи летонскиот првак Леипаја, а немаше голови на мечот Њу Сејнтс (Велс) и АПОЕЛ (Кипар).

OhridNews