Блескавото голтетерско издание на Вуко Борозан на дуелот помеѓу Вардар и Рајн Некар му донесе место во изборот на најдобрите за осмата рунда во Лигата на Шампиони. 

Црногорскиот репрезентативец сосема заслужено го понесе епитетот најдобар леб бек постигнувајќи седум голови со над 50% реализација. Видео прилогот за идеалниот тим на колото можете да го погледнете тука.

Признание во оваа осма рунда доби и македонскиот репрезентативец Борко Ристовски кој има една обрана во ТОП. Одбраната на Ристовски и останатите четири можете да ја погледнете тука.

Најдобри седум:

Лево крило: Уве Генсхајмер (ПСЖ)

Лев бек: Вуко Борозан (Вардар)

Среден бек: Мате Лекаи (Веспрем)

Десен бек: Жол Балок (Пик Сегед)

Десно крило: Ласе Сван (Фленсбург)

Пикер: Патрик Винчек (Кил)

Голман: Кирил Думулин (Нант)

Фото: Екипа.мк
OhridNews