“Домаќинот“ Ѓер го совлада бранителот на титулата Будуќност со 21-20 и се пласираше во финалето од ракометната Лига на шампиони. По една година пауза повторно Ѓер ќе се бори за престижниот трофеј. “Финалето пред финалето“ одиграно пред полните трибини во Ласло Пап салата понуди неизвесен ракомет до самиот финиш.
Во првиот дел бранителот одлично се носеше имаше и минмална предност, но безидејноста во нападот скапо ги чинеше. Како изминуваше времето така “зелените“ се одлепија на безбедни плус три кои успеаа да ги задржат до крајот на првиот дел 11-8.
Фуриозниот старт ги потсети “домаќините“ дека против себе го имаат европскиот првак и по серијата 4-1 повторно беше се изедначно 12-12. Но “црната дупка“ во која западнаа “плавите“ на средината во вториот дел , 8 минути без постигнат гол скапо ги чинеше избраничките на Аџиќ. Суланд беше непогрешлива од 7м (4од4) и повторно Ѓер дојде на плус три 17-14.
Се разбудија “плавите“ и со мини серија се вратија резултатски во мечот. Со еден гол предност се влезе во последните десет минути, а можноста да ја анулираа ја имаа преку Петровиќ во последната минута. Нејзиниот удар заврши далеку покрај голот. Во последните 8 секунди, повторно Будуќност имаше можност за израмнување, но се сплеткаа и победата ја одведоа унгарките.
Кристина Неагу со шест гола беше најефикасна додека четири постигна Катарина Булатовиќ. Кај Ѓер , Нике Грот, Едуарда Аморим, Хејди Локе и Лин Суланд постигнаа по четири гола.
Во финалето Ѓер ќе игра со подобриот од дуелот Вардар – Букурешт.