Црногорската ракометна гордост Будуќност се искачи на европскиот ракометен трон победувајќи на завршниот турнир во Будимпешта.
Во финалниот натпревар избраничките на Драган Аџиќ го совладаа норвешкиот колектив Ларвик со 26-20 и го освоија вториот златен медал во историјата на Лигата на Шампиони.
„Сино белите“ доминираа во текот на целата сезона, а најдоброто од себе го покажаа во мечевите од Ф4.
Претходно во малото финале ракометарките на Вардар славеа против Динамо и го зачуваа бронзениот медал од минатата сезона.
Мх.П.