Дебитантот Букурешт ја освои ракометната Лига на шампиони. Во големото финале романскиот првак беше поуспешен дури по изведувањето на пеналите со 29-26 од Ѓер.
Мечот во регуларниот тек заврши 22-22, а победник немаше ниту по продолженијата. Пеналите ја дадоа конечната одлука. Одлучувачки моменти беа одбраните на Песоа по ударите на Гробот и Локе.