Фудбалерот на шпанска Барселона, Чави кој од клупата влезе на мечот со Пари Сент Жермен го запиша 143-от настап во Лигата на Шампиони и стана рекордер по бројот на одиграни натпревари.

Досегашен рекордер беше легендатата на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс кој имаше 142, а поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Шалке, Раул застана на 141.


Каталонците претрпеа пораз 3-2 на гостувањето во Париз, но, тоа не го намалува остварувањето на Чави кој има три титули од Лигата на Шампиони (2006, 2009 и 2011).

Мх.П.