Ракометарите на Киелце го вратија Вардар чекор назад кон патот до Келн победувајќи го во Скопје со 22-20 во првиот четвртфинален натпревар.


„Црвено црните“ околу 45 минути беа подобар противник и констатно имаа водство кое на некои моменти изнесуваше и три погодоци.

Полјаците поведоа во финишот и водството го капитализираа со голема победа, која широко им ги отвари вратите за пласман во фајнлфор.

Свој ден имаше голманот Арпад Штербик, но „црвено црните“ потфрлија во нападот, кој не успеа да најде лек при крајот на мечот за густата одбрана.

Мх.П.