Австрискиот вицепрвак Рапид ќе го предизвика четирикратниот европски шампион, Ајакс во еден од најинтересните мечеви од третата рунда во квалификациите од Лигата на Шампиони. “Зелено-белите“ се силно мотивирани во пресрет на мечот кој ќе се одигра пред полни трибини на “Ернст Хапел“ стадионот во Виена.
– Мечот со Ајакс е награда за сето она што минатата година го направивме. Заслужено ќе се судирме со еден топ тим каков што е Ајакс. Уште по ждрепката бевме возбудени што еден реномиран европски тим ќе дојде на гости – истакна Зоран Баришич, стратегот на Рапид на вообиачената средба со новинарите пред мечот.
Ајакс ланската сезона ја заврши како вторпласиран зад ПСВ Ајндховен, па патот до Лигата на Шампиони ќе го бара во квалификациите и тоа во двомечот со амбициозниот австриски Рапид. – Секако дека и тие имаат слабости, не многу но ги имаат а ние ќе се обидеме во целост да ги искористиме. Нема многу потреба да зборувам за нив,тие имаат своја филозовија, негуваат пас игра со која го освојуваат теренот , немат многу погрешни додавања, а слично како и нас посакуваат да ја имаат топката во своите нозе. – разоткри Баришич дел од ајаксовата стратегија.
Ајакс во последната пресметка со австриски тим загуби и тоа убедливо во осминафиналето од Лигата на Европа од Салзбург со севкупни 6-1.Баришич ги разгледал снимките од двомечот, но потенцираше дека овој Ајакс сега во доста нешта се разликува од оној пред година и пол. – Ајакс не истиот тим од таа сезона. Ние ќе дадеме 100 % и последниот атом за што подобро да се презентираме во Европа. Напорно работиме во последните две сезони и токму ваквите мечеви се најубава можност да се види каде сме во Европа и до каде е достигнат нашиот развој. – смета Баришич.
За мечот против Рапид, под знак прашање е настапот на ајаксовата единица Чиленсен, кој е повреден а се наоѓа и во преговори со Манчестер Јунајтед. Доста веројатно е дека холандскиот интернационалец ќе добие поштеда.
За Баришич тоа може но немора да биде одлучувачки фактор. Најтрофејниот австриски бундеслигаш Рапид последен пат во Лигата на Шампиони играше во 2006 година и тоа во групата со Баерн Минхен, Јувентус и Бриж, кога одигра епизодна улога.
М.П.