Македонскиот ракометен првак Вардар трет пат во низа не успева да го помине четвртфиналето во Лигата на Шампиони кое е последната станица за завршниот турнир во Келн во Лигата на Шампиони.
Овој пат неприминлива пречка за „црвено црните“ беше унгарскиот шампион Веспрем кој во реваншот ја задржа предноста од Скопје (29-26) ремизирајќи 30-30 (12-14).
Ракометарите на Вардар имаа повеќе од посакувано отворање на мечот и предност која достигнуваше и четири погодоци.
Но, како што одминуваше мечот така и Веспрем влегуваше во ритам и во 40-та минута го презеде кормилото во мечот.
Сепак, „вардарци“ имаа нова шанса во финишот од мечот, но среќните два голови на Момир Илиќ во моментите кога Вардар имаше плус еден на семафорот ги сруши сите надежи за пласман во Келн.
Токму, Илиќ со девет голови беше најпрецизен во составот на Веспрем, седум реализираше Ласло Наѓ, а кај гостите од Скопје пет постигна Алекс Душебајев.
OhridNews