Италијанскиот првак Јувентус остана со играч помалку на дуелот со Валенсија на „Месталја“, откако директен црвен картон доби Кристијано Роналдо. Португалецот имаше блиска средба со еден од играчите од Валенсија, а главниот арбитар Феликс Брих после консултацијата со судијата позади голот на „лилјаците“ му додели црвен картон.

До крајот на првиот дел остануваат уште десеттина минути, а Јувентус со играч помалку ќе брка поволен резултат во премиерната пресметката во ЛШ.

OhridNews