Фудбалерите на Црвена Ѕвезда продолжуваат со евро-авантурата во Лигата на Шампиони елиминирајќи го составот на Спартак Трнава со вкупен резултат (3-2) во третата квалификациска рунда за пласман во најеминетното клупско натпреварување.

„Црвено белите“ пласман во последната рунда од плејофот обезбедија после 120 минут игра. Во воведните деведесет минути двете екипи постигнаа по еден погодок и го повторија резултат (1-1) од Белград пред недела дена. Одлуката за победникот во двомечот падна во 98-та минута. Домашните фудбалери во последната минута од продолженијата имаа шанса да го израмнат резултатот и да тргнат по комплетен пресврт, но нереализираа пенал.

Ривал на Црвена Ѕвезда во последната рунда од квалификациите за пласман во ЛШ ќе биде Салцбург кој ја елиминираше Шкендија со вкупен резултат 4-0.

Резултати: Динамо Киев – Славија Прага 2-0 (1-1), Бате Борисов – Карабах 1-1 (1-0), Спартак Москва – ПАОК 0-0 (2-3), АЕК – Селтик 2-1 (1-1), Динамо Загреб – Астана 1-0 (2-0), Фенербахче – Бенфика 1-1 (0-1), Види – Малме 0-0 (1-1), Шкендија – Салцбург 0-1 (0-3), Ајакс – Стандард 3-0 (2-2), Спартак Трнава – Црвена Ѕвезда 1-2 (1-1).

Во заградите се резултатите од првите натпревари.

Двојки 4.рунда: Црвена Ѕвезда – Салцбург, Бате Борисов – ПСВ, Јанг Бојс – Динамо Загреб, Видеотон – АЕК, Бенфика – ПАОК, Ајакс – Динамо Киев.

OhridNews