Натпреварите од петтата рунда во фазата по групи во Лигата на Шампиони за германскиот тим, Борусија Дортмунд и лидерот во италијанската Серија А, Наполи живот значат.

„Милионерите“ и „азурите“ мораат да атакуваат на победи на дуелите со Тотенхем односно Шахјтор Доњецк пред своите гледачи.

Во случај на нерешено или пораз, двата тимови ги губат шансите за поминување понатаму и во последната рунда ќе треба да бркаат пласман на третата позиција за продолжување во Лигата на Европа.

Исто така во фокусот ќе биде дербито во Е групата во кое ќе се сретнат Севиља и Ливерпул. Влогот во дербито е првата на позиција на табелата, а „црвените“ го започнуваат со бод повеќе.

Двојки:

Група Е: Спартак Москва – Марибор, Севиља – Ливерпул

Табела: Ливерпул 8, Севиља 7, Спартак 5, Марибор 1.

Група Ф: Мен Сити – Феенорд, Наполи – Шахјтор Доњецк

Табела: Мен Сити 12, Шахјтор 9, Наполи 3, Феенорд 0.

Група Г: Бешикташ – Порто, Монако – Лајпциг

Табела: Бешикташ 10, Порто 6, Лајпциг, Монако

Група Х: АПОЕЛ – Реал Мадрид, Борусија Дортмунд – Тотенхем

Табела: Тотенхем 10, Реал Мадрид 7, Борусија Дортмунд 2, АПОЕЛ 2

OhridNews