Екипата на Јувентус групната фаза во Лигата на Шампиони ја заврши на втората позиција позади лидерот Манчестер Сити. „Бјанконерите“ во последната рунда претрпеа пораз од Севиља (1-0), а резултатот ќе имаше сосема поинаков тек ако Алваро Мората успееше да ја реализира колосолната прилика за погодок во првиот дел.


Поразот во Шпанија и победата на Манчестер Сити над Борусија Менхенгладбах (4-2) ќе го однесе Јувентус на мегдан со првопласираните екипи во групите меѓу кои се Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Барселона.

Ohridnews