Македонскиот преставник во завршницата од фајнлфорот во Лигата на Шампиони, Вардар изобилува со квалитетни ракометари во составот, но ривалот во 1/2 финалето Будоќност стравува од данскиот стручњак Јан Питлик, кој е помошник на Индира Кастратовиќ.
Со Данецот на клупата „црвено црните“ го елиминираа Европскиот првак Ѓер без пораз во двомечот, а погледите се насочуваат кон европската круна.
– Играњето на квалитетни натпревари и искуството стекнато низ победите и поразите направија од Вардар квалитеттен тим. Тоа беше група на квалитетни индивидуалки, но доаѓањето на Питлик, односно неговото знаење и искуство придонесоа тие да станат вистински тим. Вардар сега размислува и игра на дански начин што и го покажа на мечевите со Ѓер. Сигурно дека ќе имаме многу тешка задача, потешка од било кој претходен дуел со нив. Се подготвуваме за сите можни изненадувања на Питлик. – рече Драган Аџиќ тренерот на Будуќност.
Натпреварот меѓу македонскиот и црногорскиот првак ќе биде втор на програмата по дуелот меѓу Ларвик и Динамо Синара.
Ohridnews