Сите погледи во натпреварите од А-Д сегментот ќе бидат вперени во Лондон каде на Стемфорд Бриџ силите ќе ги одмерат Челси и Рома кои го немаат почуствувано горкиот вкус на поразо во досегашните мечеви.

„Сините“ во дуелот со „волчицата“ влегуваат како првопласирани во групата со максимален ефект од шест бодови, додека римјаните имаат четири поени по двата одиграни мечеви.

Челси во ЛШ ќе бара утеха за поразот од Кристал Палас во Премиер лигата, а иста најава на возбудувањата од ЛШ имаше и Рома која изгуби од Наполи во Серија А.

Интересен меч покрај овој во Лондон се очекува да биде и пресметка помеѓу Бенфика – Манчестер Јунајтед на Естадио де Луиз.

Жозе Мурињо во почетоците на тренерска кариера ја водеше Бенфика, но успесите кои го лансираа во врвот тој ги оствари со Порто, затоа овој меч ќе биде се посебно значење за „специјалниот“.

Двојки:

Група А: Бенфика – Мен Ју, ЦСКА Москва – Базел

Табела: Мен Ју 6, Базел 3, ЦСКА Москва 3, Бенфика 0

Група Б: Андерлехт – ПСЖ, Баерн Минхен – Селтик

Табела: ПСЖ 6, Баерн Минхен 3, Селтик 3, Андерлехт 0

Група Ц: Карабах – Атлетико Мадрид, Челси – Рома

Табела: Челси 6, Рома 4, Атлетико 1, Карабах 1

Група Д: Јувентус – Спортинг Лисабон, Барселона – Олимпијакос

Табела: Барселона 6, Спортинг 3, Јувентус 3, Олимпијакос 0

OhridNews