Фудбалските гиганти Реал Мадрид и Пари Сент Жермен на „Сантијаго Бернабеу“ по втор во групната фаза ќе ги одмерат силите во Лигата на Шампиони.


Актерите од двете екипи им останаа должни на фудбалските вљубеници откако првиот натпревар заврши со непопуларните 0-0.

Шанси имаше неколку, голови не, а фудбалската престава беше далеку од она што се најавуваше пред почетокот на мечот.

Двете екипи имаат по седум бодови, а со евентуален триумф на „Сантијаго Бернабеу“ една од нив обезбедува пласман во елиминациската фаза.

Двојки :

Група А : Реал Мадрид – ПСЖ, Шахјтор – Малме

Табела : Реал Мадрид 7, ПСЖ 7, Малме 3, Шахјтор 0.

Група Б : Мен Ју – ЦСКА Москва, ПСВ – Волфзбург

Табела : Волфзбург 6, ЦСКА Москва 4, Мен Ју 4, ПСВ 3.

Група Ц : Астана – Атлетико Мадрид (16 часот), Бенфика – Галатасарај

Табела : Атлетико Мадрид 6, Бенфика 6, Галатасарај 4, Астана 4

Група Д : Менхенгладбах – Јувентус, Севиља – Манчестер Сити

Табела : Јувентус 7, Мен Сити 6, Севиља 3, Менхенгладбах 1.

Мх.П.