Дерби пресметките во Париз помеѓу Пари Сент Жермен – Баерн Минхен, и во Мадрид помеѓу Атлетико Мадрид – Челси ќе бидат во фокусот од преостанатите натпреварите од четири групи во Лигата на Шампиони.
Сезонава ПСЖ цели на тронот во ЛШ, а нивните амбиции најдобро ќе бидат тестирани од германскиот гигант Баерн Минхен. „Светците“ најавуваат атак на победа, но ладните германци никако не смеат да се потценат и отпишат, бидејќи тогаш се најопасни.
– Ние ќе играме да победиме, но во мислите секогаш ќе имаме на ум со кој играме, бидејќи една грешка може скапо да не чини. Зборови не се потребни за Баерн Минхен и за неговата големина во вакви натпревари. Фудбалерите се желни за играње, што е добар показател и добра најава за дерби средбата. – изјави Унаи Емери тренерот на ПСЖ.
Во шпанската престолнина сите погледи ќе бидат вперени во Мадрид, односно на новиот стадион „Ванда Метрополитано“ на кој Атлетико Мадрид ќе го пречека англискиот шампион Челси.
Двата клуба имаат одлична комуникација околу купување на играчи, но сето тоа ќе се заборави деведесет минути и ќе се игра на победа.
– Со Атлетико имаме сличен стил на игра, а искрено Диего Симеоне многу ми се допаѓа како тренер. Ќе биде вистинско дерби и вистински тест за моите фудбалери. – рече Антонио Конте.
Во пресрет на нивната меѓусебна средба во Мадрид, Атлетико го официјализираше договорот со Диего Коста, кој по четири сезони се враќа помеѓу „јорганџиите“ токму од „сините“.
Двојки:
Група А: Базел – Бенфика, ЦСКА Москва – Мен Ју
Табела: Мен Ју 3, ЦСКА Москва 3, Бенфика 0, Базел 0
Група Б: Андерлехт – Селтик, ПСЖ – Баерн Минхен
Табела: ПСЖ 3, Баерн Минхен 3, Андерлехт 0, Селтик 0
Група Ц: Карабах – Рома (18ч), Атлетико Мадрид – Челси
Табела: Челси 3, Рома 1, Атлетико Мадрид 1, Карабах
Група Д: Јувентус – Олимпијакос, Спортинг Лисабон – Барселона
Табела: Барселона 3, Спортинг Лисабон 3, Олимпијакос 0, Јувентус 0.
OhridNews