Ждребката за осминафиналните парови во Лигата на Шампиони донесе три дерби средби на стартот од елимициската фаза.


Во осминафиналето на мегдан ќе одат францускиот првак ПСЖ и англискиот премиерлигаш Челси, а исто така дуел, кој ќе привлече најмногу внимание е мечот меѓу Манчестер Сити и Барселона.

Финалето во Берлин 1997 година ќе се рестарвира во осминафиналето откако вкрстија Јувентус и Борусија Дортмунд.

Европскиот првак Реал Мадрид го доби германскиот Шалке додека Баерн Минхен силите ќе ги одмери силите со Шахјтор.

Двојки :

ПСЖ – Челси

Мен Сити – Барселона

Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид

Јувентус – Борусија Дортмунд

Шалке – Реал Мадрид

Шахјтор – Баерн Минхен

Арсенал – Монако

Базел – Порто

Првите натпревари од осминафиналето се закажани на 14/15 и 24/25 февруари додека реваншните на 10/11 и 17/18 март.

Големото финале е на 6 јуни 2015 година во германската престолнина Берлин.

Мх.П.