Англискиот премиерлигаш Арсенал и францускиот првак, Пари Сент Жермен на Емирати во петтата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони ќе го одиграат дербито од А-Д сегментот.


„Топчиите“ и „светците“ ќе играат за превласт во А групата односно за првата позиција на табелата која носи полесни противници во осминафиналето на пролет во ЛШ.

Првиот меч одигран во Париз заврши без победник (1-1), а екипите дуелот на Емирати ќе го започнат со ист број на бодови на табелата.

Натпреварот во Русија меѓу Ростов и Баерн Минхен ќе започне во 18 часот, а мечот на Водафон Арената меѓу Бешикташ и Бенфика во 18 и 45.

Двојки:

Група А: Арсенал – ПСЖ, Лудогорец – Базел

Табела: Арсенал 10, ПСЖ 10, Базел 1, Лудогорец 1.

Група Б: Бешикташ – Бенфика, Наполи – Динамо Киев

Табела: Наполи 7, Бенфика 7, Бешикташ 6, Динамо Киев 1.

Група Ц: Борусија Менхенгладбах – Манчестер Сити, Селтик – Барселона

Табела: Барселона 9, Манчестер Сити 7, Борусија Менхенгладбах 4, Селтик 2.

Група Д: Ростов – Баерн Минхен, Атлетико Мадрид – ПСВ

Табела: Атлетико Мадрид 12, Баерн Минхен 9, ПСВ 1, Ростов 1